Расказот „Одѕидување на Скадар“ од Калина Малеска, напишан за време на книжевната резиденција во Lazina kuća za pisce, организирана од Kulturni Centar Šabac, е објавен на српски јазик во збирката раскази „Амбис“, која неодамна излезе од печат. Збирката „Амбис“ е составена од раскази што имаат добиено книжевна награда за најдобар современ расказ на српски јазик „Laza K. Lazarević”, и со оние кои се напишани за време на резиденцијалната книжевна програма Lazina kuća za pisce 2019-2023. „Приказната – во различни верзии – за жената заѕидана во темелите на тврдината како човечка жртва потребна за успешно градење на тврдината отсекогаш ме мачела. Во Шабац, како сплет на некои околности, дојде моментот да напишам своја перспектива“.

Расказот е објавен на македонски во Окно, на следниов линк: https://okno.mk/node/104691