
Archive / Архива
Романот „Светот што го избрав“ – добитник на наградата Роман на годината за 2024
Романот „Светот што го избрав“ од Калина Малеска во издание на „Или-или“ е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2024 година, која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредност „Славко Јаневски“. Жири-комисијата беше составена од Лидија Димковска, Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј ал-Асади и Катерина Богоева. Претседателката на жири комисијата и минатогодишната лауреатка Лидија Димковска на денешната прес-конференција посочи дека „Светот што го избрав“ од Калина Малеска е роман што освестува, охрабрува и дава надеж за еден подобар свет што секој сам мора да реши да го избере.
Одѕидување на Скадар
Расказот „Одѕидување на Скадар“ од Калина Малеска, напишан за време на книжевната резиденција во Lazina kuća za pisce, организирана од Kulturni Centar Šabac, е објавен на српски јазик во збирката раскази „Амбис“, која неодамна излезе од печат. Збирката „Амбис“ е составена од раскази што имаат добиено книжевна награда за најдобар современ расказ на српски јазик „Laza K. Lazarević”, и со оние кои се напишани за време на резиденцијалната книжевна програма Lazina kuća za pisce 2019-2023. „Приказната – во различни верзии – за жената заѕидана во темелите на тврдината како човечка жртва потребна за успешно градење на тврдината отсекогаш ме мачела. Во Шабац, како сплет на некои околности, дојде моментот да напишам своја перспектива“.