2023

Кон-текстот: дигитални осврти

Овој проект се одвива од 2017 година, а во него свои текстови имаат петнаесет студенти и студентки од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Теа Дуза, Моника Михајловска, Ајнур Касо, Симона Трајчевска, Александра Лазороска, Павлина Коталеска, Александар Петровски, Фросина Крушкаровска, Елена Петрова, Марија Ангеловска, Татјана Танчевска, Ана Органџиска, Ивана Јовановска, Кристијан Стефановски и Андреј Медиќ Лазаревски – од кои најголем дел се веќе дипломирани, и јас (Калина Малеска), како иницијатор на проектот, уредничка на книгата и авторка на Вовед и неколку поглавја. Книгата, со согласност на сите учесници, се работеше како доброволен придонес кон истражувањето на македонската книжевност.

Линк до сајтот каде што е поставена книгата Кон-текстот: дигитални осврти (македонската книжевност во првите две децении на дваесет и првиот век: https://sites.google.com/view/kon-tekstot/

Што не е во ред со сите околу Пинокио?

Приказната за Пинокио се заснова на погрешната претпоставка дека заедницата во која живее е генерално праведна, а тој е оној кој треба да се искупи за своите гревови. Ништо не е подалеку од вистината, иако ова на прв поглед не е забележливо во романот на Карло Колоди. Пинокио е навидум грешен и за да биде прифатен во оваа навидум праведна заедница, тој треба да ги прифати нејзините вредности, да исполни некои услови, да помине низ некои ритуали.

Ако во основното и во средното образование не се зборува за вакви теми и за некои други проблематични или контроверзни теми во книгите што се предвидени за лектира; ако не се прашуваат младите луѓе какви се нивните размислувања за конкретни сцени и дијалози во книгите; ако се бара само да ги повторуваат вредносните судови веќе искажани од книжевни критичари; ако се создава атмосфера во која само еден одговор е точен, а поинаквите анализи добиваат критика, исмевање или прекор – тогаш залудно има меѓу лектирите дури и класици. Не се поттикнува читање само со ставање на одредени книги во списокот на лектири.

Целиот текст се наоѓа на Окно, на следниот линк: https://okno.mk/node/97737

Нешармантната дискретност на догмите

МПЦ нема аргументи дека промената во законот ќе доведе до какви било негативни последици по децата или кои било други граѓани во земјава. Ниту има аргументи дека традиционалните вредности се толку посакувани и толку позитивни за добросостојбата на луѓето колку што таа сака да ги прикаже. Па упатува на авторитативниот верски текст наместо на аргументи и примери од реалноста. Повикувањето на принципи одредени од авторитативен извор како единствено вистинити, без докази, проверка или преиспитување по дефиниција е догма.

Целиот текст се наоѓа на Окно, на следниот линк: https://okno.mk/node/97568

Налик на предвидлива средновековна алегорија: морализирањето во филмот Мени

Сите ликови имаат некаков „грев“, според перцепцијата на оној што одлучува за нивната судбина – во овој случај, тоа е главниот готвач. Може да изгледа како филмот да се занимава со социјална правда зашто на почетокот се чини дека ликовите се направени да бидат антипатични поради тоа што се богати – но, излегува дека не е така – и самиот готвач е богат (на располагање ги има сите ресурси што му требаат), така што нема легитимитет да ги обвинува за тоа. Средновековна алегорија со персонификација на она што традиционално се смета за „гревови“, додека преиспитување на овој поим не постои.

Целиот текст се наоѓа на Окно, на следниот линк: https://okno.mk/node/95914

Отконвенционализирање на конвенциите (за „Мачорот во чизми: последната желба“

Кога сите тропи од бајките и сказните се толку познати, а се ставени во таков контекст и се така поврзани што сè е ново. – Волшебна ѕвезда што ја исполнува секоја желба и по која трагаат протагонистите. Сместена во мрачна шума која крие многу предизвици и во која ретко кој се осмелува да влезе. Како да се стигне до таму е обележано на мапа која е тешко да се украде зашто е чувана од страшно суштество. – Кога вакви конвенции видени и употребени стотици пати успеваат да се отконвенционализираат, штом се сместени во нова приказна, деконструирани, подложени на пародија, на поинаква смисла, на други толкувања, на одложени значења. Тогаш станува збор за анимираниот филм „Мачорот во чизми: последната желба“.

Целиот текст се наоѓа на Окно, на следниот линк: https://okno.mk/node/95808

Design a site like this with WordPress.com
Get started