Истражување на можната иднина на минатото: за Засолниште во времето од Г. Господинов
Сеќавањето има необично влијание врз нас. Истовремено нè теши и нè вознемирува, го поврзува нашето лично минато и општата историја од која сме дел со сегашноста и со можноста да ја контролираме иднината. Засолниште во времето од Георги Господинов е роман во кој се истражуваат овие карактеристики на сеќавањето. Засолниште во времето е и роман во кој се навлегува длабоко во процесот на бришење на сеќавањето, попознато под поимот заборавање. Засолниште во времето, меѓу другото, е и роман за можната иднина на минатото, за носталгијата, всушност, за самиот концепт на времето. И за личните приказни и општествените промени, кои истовремено се и фатени во бурите на времето и се обидуваат да најдат засолниште од и во времето.
Целиот текст е објавен на: https://blen.mk/istrazuvanje-na-moznata-idnina-na-minatoto/
Ружди меѓу догмата и антидогматскиот пристап
Содржински, [Праменот на пророкот] е приказна за запаѓањето во догма. Тоа е приказна за Хашим, кој откако ќе најде една реликвија, се трансформира во фундаменталитички настроен мачител на своето семејство, чии други членови низ очајни потези се обидуваат да му пружат отпор. Ако таа реликвија се сфати само како симбол на она што на површина го симболизира, тогаш постои ризик расказотот да се интерпретира само анти-религиски. Но, расказот е суштинска анализа на феноменот на догмата, и затоа овде е нерелевантно што конкретно претставува реликвијата.
Целиот текст е објавен на Окно на следниов линк: https://okno.mk/node/94288
Учебници со приказни
Анализата на самите учебници упатува на тоа дека овој пристап со внесување наративни делови би можел да ги направи учебниците поразбирливи – и во однос на материјалот што се пренесува, и во однос на сфаќањето на тоа зошто воопшто е важно да се учат содржините што се учат, како и да поттикне размислување за тоа од каде доаѓаат информациите во науките наместо само да се прифаќаат онака како што се дадени.
Целиот текст е објавен на Окно на следниов линк: https://okno.mk/node/95283
Роман што се преиспитува самиот себеси: поговор кон романот Адамовото ребро од Оливера Николова
Неодамна, во разговор со една пријателка, префрлајќи се од една тема на друга, дојдовме до темата за книжевни дела и филмови кои се занимаваат со љубов меѓу ликови кои се, условно речено, повозрасни. Констатиравме дека не знаеме многу такви приказни. Мојата пријателка веднаш се сети на Љубов во време на колера од Маркес, јас во првиот момент се сетив само на два филма. Потоа, разговорот се прошири на темата за книги кои ја истражуваат љубовта надвор од бракот, со разбирање на дилемите со кои се соочуваат љубовниците, но без наметнување морални осуди засновани на општествените начела за партнерските врски. Ни вакви примери нема многу или барем во тој момент не можев да се сетам на повеќе од два-три.
Целиот текст е објавен на следниов линк: https://blog.literatura.mk/2022/04/19/pogovor-kon-romanot-adamovoto-rebro-na-olivera-nikolova-od-kalina-maleska/