Детето без златна коса
Расказ кој на англиски е дел од збирката “Awake not Sleeping: Reimagining fairy tales for a new generation”, иницијатива на UN Women (ECA), а на македонски се наоѓа во збирката „Скопје во високата зона“ (Или-Или, 2021).
Куси осврти на романите пристигнати за Роман на годината за 2020
Во изминатиов период ги следев размислувањата што беа споделени на социјалните мрежи во врска со конкурсот за „Роман на годината“, а кои во голем дел се однесуваа на тоа дека значаен аспект од конкурс за книжевна награда е можноста да предизвика дебати, размена на мислења, рецензии за книгите. Поттикната од ваквите размислувања, кои во голема мера се совпаѓаат и со моите гледишта, како и од убавиот потег на Живко Грозданоски да објави осврти по секој круг од гласањето, ги споделувам и своите куси осврти за романите (41) што пристигнаа на конкурсот за „Роман на годината“ за 2020 година.
Разбирање на мотивите и разбивање на предрасудите: за Заробениот ум од Чеслав Милош
Во реалноста, причините за „човечкото дејствување се комплицирани и не можат да се сведат на еден мотив“ (14), вели Чеслав Милош во Заробениот ум. Голема придобивка е што Заробениот ум сега можеме да го читаме и на македонски, во издание на Бегемот (2019), во превод на Филип Димевски. Еве еден мој текст за оваа книга на Милош.
Целосниот текст е објавен на Окно, на следниот линк: https://okno.mk/node/88177?fbclid=IwAR3ZfNKMV_PozwdTyM9qpyLJCc1HForLcSvbPyCx9tDfRXAPYKkie3w2k6c
Што станува кога сè што ни е познато ќе исчезне?
The Road (Патот) (2006) на Кормак Мекарти е мрачен, страшен роман […] Во Илјада деветстотини осумдесет и четврта на Орвел, протагонистот Винстон Смит во еден момент се сеќава како, кога бил дете и немале ништо за јадење, мајка му силно ја гушнала неговата помала сестра, која веќе умирала од глад, иако оваа постапка ништо не сменила – не ја ублажила гладта, ниту ја спречила смртта. Но, размислува Винстон, за мајка ми, „ако некоја постапка нема ефект, тоа не ја прави безначајна. Ако сакаш некого, го сакаш, и кога немаш што друго да му дадеш, му даваш љубов“ (Orwell 172). Тоа е во основа идејата и на Патот – добрината на детето и љубовта меѓу таткото и детето може да се неефективни за опстанок, но тоа не може да ги направи безначајни.
Целосниот текст е објавен на Блесок, на следниов линк: https://blesok.mk/en/literature/essays/what-do-we-become-when-almost-all-the-known-world-disappears/