2020

Расказ: Корона, Хајди

Како што се шири вирусот корона и доаѓаат препораките за седење дома, така се умножуваат и препораките за читање на многу книги што не сме стигнале да ги прочитаме. Но, сега, демнети од неизбежни загуби, немам интерес да ги читам. Звучат наивно – некои познати книги што ги изоставиле факторите од кои зависат сите области на животот зашто не им се вклопиле во замислата. Препознавам страв. За да го надминам, мора да го имам веќе преживеано она што очекувам дека допрва ќе дојде. Го престигнувам времето – замислувам дека веќе се случило сè што допрва ќе се случи. Така, кога ќе пристигнат, последиците нема да бидат изненадување, нема да бидат неочекувани. (A short story: “Corona, Heidi”)

Книжевност, реалност, моќ

Некаде во 2013 или 2014 година, неколку дена по новата година, во зградата што се наоѓа наспроти зградата во која живеам изби пожар. Набргу се приближи противпожарно возило, но не можеше да стигне до станот кој гореше. Меѓу автомобилите паркирани по средината на улицата, каде што не е предвидено паркирање, и оние паркирани на обележените места крај тротоарот немаше доволно простор за да помине противпожарното возило.

Од подземјето до ѕвездите со хумор и разбирање

(Кон поемата за деца Кртот Ѕвездан од Николина Андова Шопова, Или-Или, 2020). По цела една микро-приказна згусната во секои два стиха ја движи напред приказната за кртот Ѕвездан. Или, со други зборови, Николина Андова Шопова успева да пренесе многу настани низ по една слика во само два стиха врзани со рима. Потоа, следните два стиха се нова слика – нова микро-приказна – и така до крајот на поемата за деца Кртот Ѕвездан.

Лични приказни со општочовечка димензија

(Кон збирката Во главата слушам песна од Елизабета Баковска, Или-Или, 2020). Овие куси раскази (или микрораскази) имаат автобиографски компоненти и издвојуваат значајни моменти од животот на авторката. Во дел од нив, возрасната нараторка во прво лице се сеќава на некој настан од минатото и го прикажува низ двојна перспектива – онака како што го доживеала кога била дете и онака како што го гледа како возрасна, од сегашна перспектива, кога ги сфаќа сите значења и импликации што биле присутни уште тогаш одамна, но кои девојчето не умеело да ги препознае.

Целосниот текст е објавен во Културен живот 3-4/2020.

Короната и социјалните медиуми

Конфликтот меѓу слободата и безбедноста, како и фактот дека тие се обратнопропорционални, односно зголемувањето на едното секогаш значи намалување на другото, отсекогаш бил централна тема на интерес на сите кои замислувале и сакале да изградат утописки општества. И никогаш не бил дефинитивно решен.

Целиот текст е објавен на Окно, на следниов линк: https://okno.mk/node/83951

Design a site like this with WordPress.com
Get started