2019

Расказ: Господарот на маалото

Секогаш кога со ќерка ми одиме да се прошетаме во маалото, Мицек седи на една клупа и им раскажува на тие околу себе како денес „децава немаат поима од живот“. „Во наше време. . .,“ почнува Мицек. „Во наше време, се знаеше. . .“ продолжува. Другите потврдуваат дека во нивно време се знаело. „Во наше време, се знаеше, а не како сега. . .“ Некогаш, еднаш или двапати во месецот, успеваше и да ја доврши реченицата: „Во наше време, се знаеше, а не како сега, децава размазени, немаше тоа. Се тепавме, така сме израснале, така сме научиле за животот, сме станале жилави. Како ќе знаев да се тепам ако секогаш мајка ми и татко ми стоеле до мене да делат правда.“ Бидејќи Мицек и жена му никогаш не го гледаа својот син додека играше во маалото, знаев дека треба да се потрудам за да ги најдам. Најпосле, заедно со крвавата уста на ќерка ми и паднатиот заб, ја најдовме мајката. (Short story: The Master of the Mahala).

The story is part of the story collection Clever Peyo, My Enemy, and as an individual story it is published in English and Macedonian in Asymptote Journal, on the following link: https://www.asymptotejournal.com/fiction/kalina-maleska-the-master-of-the-mahala/. Расказот е дел од збирката Мојот непријател Итар Пејо, а подинечно е објавен на македонски и на англиски јазик во Asymptote Journal.

Аб’т на Оливера Ќорвезироска – патоказ кон можни светови

Своето детство во Куманово Ќорвезироска го преобразила во магичен и реалистичен свет: доволно реалистичен и препознатлив за да ги исцрта јасно цртите на Куманово, меѓу кои се внимателно и прецизно опишаната болницата и болничка ограда; доволно магичен за да вклучи подземен живот во бунарот, водното патување со кауч низ времето или создавањето на човек од крв и месо со помош на молив. (Ab’t by Olivera Kjorveziroska – a signpost toward possible worlds)

Кон Молчи со отворена уста на Снежана Младеновска Анѓелков

Романот е заснован на вистинска приказна, во него се внесени записи од реални документи и досиеја, биографија, страници од весник, магнетоскопски запис. Но приказната е и писателски обликувана во структура која сите овие записи од реалноста ги става во контекст на семејниот живот, даден преку перспективата на повеќе наративни гласови, а во чии рамки сите членови – изложени на животните предизвици со кои се соочуваат – страдаат и созреваат. (About Be Silent with an Open Mouth by Snezana Mladenovska Angjelkov)

Расказ: Мравки

Еден спреј против комарци, употребен по предлог на соседите, не ги уништува како што ми беше речено, туку им ја зголемува брзината, па сега, освен низ дупката кај лајсната, можат за миг да се искачат по ѕидот и да се протнат и низ процепот меѓу кафеавите висечки елементи и нивните врати, како и низ процепот меѓу штеќерот и плочките… Веќе го препознавам изразот на нивните лица и можам да ги разликувам – едната од нив толку многу сака мед што успева да се протне и низ најдобро затворениот капак на теглата, нешто што другите не се ни обидуваат да го направат. Друга знае да плива. (Short Story: Ants)

Целиот расказ е објавен на Лектира.мк, на следниот линк: https://lektira.mk/izvadok/mravki/?fbclid=IwAR0k88lKcrCBuvtsDxKQRNZaaTF4xtbV1N8ldr33DJWzktNxW_2vZgxc92g на македонски, и на следниот линк на англиски: https://lektira.mk/excerpt/ants/

Сто години од раѓањето на Владо Малески

Оваа година се навршуваат сто години од раѓањето на Владо Малески. Сакам да напишам нешто за неговите книги; и додека размислувам кои романи да ги опфатам во својот текст, се обидувам да се сетам на него. Имав девет години кога почина и немам многу сеќавања во кои се појавува тој. Но во умот јасно ми се отцртува еден настан. (A Hundred Years from the Birth of Vlado Maleski)

“Cripples and Bastards and Broken Things”: Поткопување на идеологии и на биолошки детерминизам во Игра на тронови

Во општеството претставено во Игра на тронови, биолошкиот детерминизам има важна улога: повеќето ликови сметаат дека нечие однесување зависи од гените, а не од околината и воспитувањето, па и самите се однесуваат во согласност со ова свое уверување. Но приказната воведува систем на вредности што се спротивставува на ваквите предрасуди преку неколку ликови кои ги поткопуваат воспоставените догми. (“Cripples and Bastards and Broken Things”: Undermining Ideologies and Biological Determinism in Game of Thrones)

Целиот текстот е објавен на Окно, на следниот линк: https://okno.mk/node/78747

Денерис: без оглед на последиците. Варис: без оглед на последиците по мене.

Зошто Денерис стана толку сакан лик што и филмските критичари и огромен број од фановите сметаат дека таа не би извршила убиство на илјадници луѓе? Се должи ли тоа на нејзината убавина и харизматичност кои ги фрлиле во сенка, за многу од гледачите, нејзините тирански особини? Или на тоа што голем дел од гледачите ги гледаат змејовите како егзотични суштества од бајките место како оружје, за што ги користи Денерис? На претпоставката дека тираните се зли од раѓање, и дека не е можно некој човек да прерасне постепено во диктатор како комбинација на сопствените заблуди и на околностите? (Daenerys: No Matter the Cost. Varys: No Matter the Personal Cost.)

Класна поделба од двете страни на една улица

Документарниот филм Class Divide (Класна поделба, режија Marc Levin, 2016) навидум е фокусиран на три главни теми: реконструкцијата на High Line (Хај лајн), претходно напуштена и запуштена железничка пруга во Њујорк; елитното средно училиште Avenues (Авењуз); и становите за посиромашните одделени од училиштето со една улица. Но, всушност, тој е многу повеќе за нивната поврзаност која доведува до класна поделба, со што го оправдува соодветно одбраниот наслов. Да се каже дека е за цената што едни се ставени во ситуација да ја платат за напредокот на други би било малку симплифицирано, но и кога ќе се прикажат комплексните општествени односи, како што се прикажани во овој документарен филм, основата е слична: различното вреднување на трудот што едни ги лишува од можности, а на други им овозможува станови од десетици милиони долари. (Class Divide between Two Sides of an Avenue)

Design a site like this with WordPress.com
Get started