По повод смртта на Урсула ле Гвин: лично доживување
Книгата The Dispossessed на писателката Урсула Ле Гвин има посебно место во моето читателско искуство. Веројатно како и многу млади луѓе, и јас едно време живеев со идеите дека е можно создавање на совршено општество, идеи кои, со текот на времето и искуството, преку набљудување и читање за различни општествени уредувања, некако сè повеќе се претвораа во скепса, зашто еднаквоста и слободата често знаеја да изгледаат некомпатибилни. Но The Dispossessed почна да ме предомислува затоа што отвора реални можноста за создавање на нешто што би било блиску до совршено општество. (A Personal Impression of Ursula Le Guin’s The Dispossessed)
Островград – град што не е само остров
Островград (2015), индиски филм на авторката и режисерка Ручика Оберои (Ruchika Oberoi), е нов вид дистопија: оддалечувајќи се од мрачните изрази на страв од диктаторските режими во дистопиите од првата половина на дваесеттиот век, овој филм ги истражува помалку видливите и подвосмислени алузии на застрашувачкото општество. Диктаторските режими може да се воспостават и да пропаднат, но желбата за моќ и богатство изразена преку големите корпорации е потрајна – затоа трите приказни во овој филм се поврзани со една иста голема компанија, чие влијание е очигледно во првата приказна, но е исто толку решавачко дури и кога компанијата е речиси незабележителна некаде во позадината на приказните, како што е тоа случај во другите две приказни. (Island City – A City which is not only an Island)
Целиот текст е објавен на Блесок блог на следниов линк: https://blesok.wordpress.com/2018/04/24/%D0%BE%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4-%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B5-%D0%B5-%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BE-%D0%BE%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B2/
Постои ли неангажирана книжевност?
Случувањата во Македонија во последниве неколку години покренаа многу дилеми поврзани со книжевноста и политиката, како и со односот на книжевниците кон политиката. Овие години често изгледаше како политиката поопшто, а во некои случаи и политичките партии поконкретно, да влијаат врз острата поделба меѓу книжевниците; но всушност, многу повеќе од тоа, станува збор за имање различни вредности, погледи на светот, и различни начини на изразување несогласувања (аргументи наспроти говор на омраза), а не за разлика (само) во политички ставови. Тоа неизбежно се рефлектира и во книжевноста. (Is there Literature which is not Literature of Commitment?)
Целиот текст е објавен на Окно на следниов линк: https://okno.mk/node/72837
Краток расказ: Окованата виолина
Зградите не се превисоки, улиците не се прешироки во овој дел од градот каде што секојдневно еден белокос човек бавно чекори кон продавницата пред која има виолина окована со синџир. За да стигне до неа, тој минува крај излозите на слаткарницата и на продавницата за компјутери, но не го погледнува својот лик одразен во излозите, како што прават повеќето минувачи. Потоа стигнува до третата продавница и застанува пред виолината, внимателно гледајќи ја неколку мига, а потоа, небаре сака да ја ослободи од оковите, ја поткрева нежно за да синџирот не напрви звук. Никој од продавницата не зборува со него, никој не излегува за да го предупреди да не ја фаќа виолината ставена надвор за да ја означи продавницата за инструменти. Човекот ја потпира виолината на своето лево рамо, ги затвора очите и почнува да свири. Непревисоките згради исчезнуваат, непрешироките улици исчезнуваат, повлекувајќи ги по себе во непостоење и слаткарницата и продавницата за компјутери. Само звукот останува, звукот на композициите напишани пред векови кои белокосиот човек ги свирел со десетлетија. (Short story: Violin Bound) 17.04.2018
Обликот на национализмот
Ликот на рускиот научник искрено заинтересиран за истражувачка работа – кој со сите сили се обидува да го спречи уништувањето на необичното суштество, што во оваа смисла го води да се однесува наднационално, односно да биде еднакво и против Русите и против Американците во филмот кои сакаат го употребат суштеството за свои цели – претставува позитивна контратежа на постереотипниот суров американски полковник Стрикленд. (The Shape of Nationalism)
Целиот текст е објавен на Окно на следниов линк: https://okno.mk/node/69276