2016

500 години од Утопија на Томас Мор: трансформација на утописките идеи

Во 1516 година за првпат се појави книгата Утопија на Томас Мор. Иако и претходно постојат дела што се занимаваат со идејата за создавање совршено општество, од кои веројатно најпознатиот пример е Платоновата Држава, појавата на утопистичкиот жанр се поврзува токму со делото на Мор, коешто и му го даде името на овој жанр. Едно од честите прашања што се поставуваа во последниве две децении во однос на утопиите е: дали е дојден крајот на утопијата? Ова прашање се однесува не само на литературниот жанр познат под тоа име, туку и на политичката и општествената ангажираност на интелектуалците да се стремат кон подобро општество. (500 Years since Thomas More’s Utopia: Transformation of Utopian Ideas)

Целиот текст е објавен на Блесок, на следниот линк: http://blesok.mk/en/literature/500-years-since-thomas-mores-utopia-transformation-of-utopian-ideas-110/

Краток расказ: Името на безимениот

Не знам зошто, но некогаш имам неодолива желба да расипувам некои приказни. Или, можеби, самите приказни ги расипуваат моите верзии за нив. Еве, на пример, има приказна за еден човек чие име решавам да го игнорирам, го кријам зад карпи и планина, го замислувам напишано со најбледите можни букви. Човекот станува непознат, безимен.

Еден ден овој безимен лик трнал да се жени со својата избраничка од туѓ народ. Веселејќи се на забавата што ѝ претходела на свадбата, им задал загатка на гостите на идната невеста – „ако не ја решите, ќе ве убијам“, им порачал. Гостите мислеле ли мислеле и најпосле успеале да го најдат решението на загатката, но тој, сепак, ги убил зашто уште претходно намислил да го стори тоа, а загатката била само измама.

Но колку и да се трудам да го сокријам, неговото име се приближува, се разбиструва, буквите темнеат и го препознавам: тоа е Самсон, чија сила е во неговата долга коса. Многу пати се навраќам на приказната, но никако не ми успеава да го пронајдам местото каде што безимениот насилник кој ги убива гостите поставувајќи им услов што сурово го погазува – се претворил во јунакот Самсон. Претпоставувам, тоа место се наоѓа некаде надвор од приказната. (Short story: The Name of the Nameless)

Манипулација со поимот патриотизам

Во еден свој есеј, Г. Штајнер тврди дека преку начинот на кој Хитлер и нацистите го користеле германскиот јазик, тие го извалкале и осакатиле, така што во нивните изјави и пишани документи, германскиот јазик е сосема поинаков од оној германски јазик што го користат Т. Ман, Ј. В. Гете или Х. Хајне. (Manipulation with the Term ‘Patriotism’)

Целиот текст е објавен на следниот линкс: https://prizma.mk/blog/manipulatsijata-so-poimot-patriotizam/

Палењето книги е неспоредливо со боењето на спомениците

Ситуацијата би можела да биде споредлива само доколку властите во Македонија вршат уништување на споменици и цензура и уништување на книги, а не кога луѓето, кои немаат никакви средства на државна контрола во свои раце, протестираат против неправда и корупција. Воведување диктатура со палење книги, од една страна (Германија 1933 година), и протест против корупција со фрлање боја на споменици што се симбол на таа корупција, од друга страна (Македонија 2016 година) се две целосно спротивни, а не слични ситуации.

Design a site like this with WordPress.com
Get started